ЕХФ го одби Партизан

Photo: MKDhandball

Европската ракометна федерација ја одби жалбата на Партизан поднесена откако ЕХФ ги објави казните за 1/4 финалниот двобој со АЕК Атина во ЕХФ Европскиот Куп.
Казните остануваат, РК Партизан ќе треба да плати 15.000 евра за опасното однесување на своите навивачи на одложениот меч во Белград и ќе треба да ги плати трошоците за организацијата на презакажаниот натпревар што се одигра во Бугарија.
Домашниот терен на Партизан е суспендиран, односно од следните пет домашни средби три натпревари ќе ги игра без публика, за за два меча условната казна ќе трае две години. Партизан ќе треба да плати уште 4.500 евра за истакнување на политички банер.
Вкупно, над 30.000 евра казни и трошоци плус играње без публика е епилогот за дуелот од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп за Партизан.

 

Поврзани вести