Хановер преку пенали до меч за трето место

Photo: IHF/ Archive

Екипата на Хановер-Бургдорф, противникот на РК Алкалоид во калификациите за ЕХФ Европската лига, денеска ќе игра меч за трето место на турнирот Хајде Куп што се одржува во германскиот град Шневединген.

На турнирот учествуваат шест екипи од кои три се германски (Хановер-Бургдорф, Хамбург и Гумерзбах), потоа данскиот Алборг, норвешкиот Колстад и швајцарската екипа Кадетен Шафхаузен.
Екипата на Хановер-Бургдорф во првото коло беше поразена (35-37) од Алборг, а во вториот меч по изведување на пенали го совлада Гумерзбах (30-28).
Согласно постигнатите резултати, Хановер и Гумерзбах требаше одново да играат денеска за трето место, но според правилата на турнирот за да се избегне ваков момент, противниците беа заменети, па Хановер-Бургдорф ќе игра за третото место со најслабиот тим на турнирот, Кадетен, а Гумерзбах за петто место против Колстад.
Во финалето на турнирот ќе се сретнат екипите на Хамбург и Алборг.

 

Поврзани вести