Данило Брестовац продолжува со Ал Араби

Photo: SM/Danilo Brestovac 

Еден од најдобрите македонски тренери и поранешен селектор на сениорската репрезентација, Данило Брестовац и кататрскиот тим Ал Араби се договорија за продолжување на соработката за најмалку уште една сезона.
За Данило Брестовац сезоната 2023/24 со Ал Араби беше исклучително успешна сезона во овој клуб и освои три престижни пехари на блиско-источните натпреварувања, што беше своевидна гаранција отворена врата за нова соработка. 
Денеска беше подадена рака за нов договор и ќе следиме како Брествац следната сезона ќе се справува со предизвиците заедно со познатиот катарски спортски бренд. Асистенти сезонава ќе му бидат домашните тренери Бугда Вајди и Низар Јулак, а во состав кој е веќе воигран, дополнително е засилен со познатиот чешки ракометар Станислав Кашпарек. 
 

Поврзани вести