Словенија има талент

Photo: IHF/Kolektiff

На младинскиот мундијал одигран летово меѓудругите како играч на кој треба да се внимава се издвои бекот Аљуш Анжиќ, иако играше во повозрасна категорија.
На кадетскиот мудијал што се одржува во Египет, Аниж беше прилично резервриран во првите три кола во кои постигна вкупно 16 гола, а потоа, на дуелот одигран денеска со Норвешка покажа за каков талент се работи.

Аљуш Анжиќ на мечот со Норвешка постигна 23 гола од 25 обиди од кои само шест беа седмерци. Натпреварот заврши без победник, 37-37, а во групата со нив се уште и Германија и Франција кои исто така играа денеска, а победи Германија.

Екипата на Целје каде што игра Аљуш Анжиќ, може да биде мирна затоа што потпиша професионален договор со него, веднаш по завршувањето на јуниорското СП. 

Поврзани вести