-
12.8.2025
-
Планета ракомет
Photo: IHF/Kolektiff
Словенецот Аљуш Анжиќ ги освои насловите на речиси сите ракометни медиуми со постигнати 23 гола од 25 шута на У19 СП што се игра во Египет, но тој не беше единствениот „рекордер“.
Голманот на Исланд, Сигурјон Браги Атласон, имаше свое шоу и постигна пет гола од пет шута на дуелот со С. Арабија. Исланд победи 43-27, а Атласон беше трет стрелец во екипата, со само два гола помалку од најдобриот стрелец во тимот. Патем имаше и само шест одбрани.
Откако не успеа да го убеди исландскиот селектор Снори Гудјонсон, египетскиот вице-првак Замалек се договори со францускиот тренер Франк Морис кој минатата сезона го водеше тимот на Данкерк.
Данкерк, пак, кој е еден од најпознатите француски центри за формација, веднаш зад Монпеље и Шамбери сега во првиот тим за тренер го има довчерашниот асистент Тарик Хајатуне.
Бундеслигашот Флензбург е заинтересиран за ангажман на десниот бек на Алборг, данскиот бек Мадс Хоксер, еден од најдобрите играчи од генерацијата што ги замени легендите Микел Хансен, Менса Ларсен итн.
Една од најконтроверзните репрезентации, тимот на САД, објави дека нивни нов селектор ќе биде поранешниот капитен на репрезентацијата, Марк Ортега. Тој има работено во Европа, во Холандија има искуство од настапите на Супер глоуб и ќе биде и селектор и директор.
Поврзани вести