Сканди доминација на СП У19

Photo: IHF/Kolektiff

Скандинавскиот ракомет ја засили својата доминација и ги зацврсти позициите на меѓународната сцена и преку настапите на репрезентациите во младинските категории. Брзиот ракомет, кај нас познат и како „модерен“, доминира и на СП У19 каде што четири од осумте репрезентации што ќе се борат за медал се скандинавски. Таму се Данска, Шведска, Норвешка и Исланд, а учесниците на СП од овој дел на Европа, недостасуваат само Фарски острови.

Гарантирано ќе има две скандинавски екипи и во полуфиналето, затоа што овие четири репрезентации ќе играат меѓусебе во 1/4 финалето.

ПАРОВИ 1/4 ФИНАЛЕ НА СП У19
Четврток, 13.8.2025
16:00 Шведска – Норвешка
16:00 Данска – Исланд
18:00 Германија – Унгарија
18:00 Шпанија - Египет

Поврзани вести