Јаник Грин си оди од ПСЖ, а доаѓа Коралес

Photo: Wenfloy CC0 via Wikimedia (Cropped image)

Миро Шрулоф, еден од опасните ракометари на германскиот тим Гумерзбах се повреди за време на подготовките, веднаш го оперираше менискусот и ќе го нема на терен околу два месеца. Истовремено се повреди и првата ѕвезда, Јулијан Костер, но тој веројатно ќе биде спремен за почетокот на сезоната.

Данскиот голман Јаник Грин заминува на лето од екипата на ПСЖ и ќе игра за данскиот тим Хој. Оваа екипа веќе доведе неколку познати имиња (Ханс Линдберг, Хампус Ване, Тил Климпке). ПСЖ во своите редови ќе го врати шпанскиот репрезентативец Родриго Коралес.

Банкротот на германскиот шампион Лудвигсбург ги избрка од клубот најдобрите ракометарки во незгоден момент, непосредно пред стартот на сезоната кога веќе грото екипи се склопени. Францскиот Мец сеедно профитираше од кризата на Германките и ја врати во своите редови Ксенија Смитс, една од најпознатите германски репрезентативки. Таа беше член на Мец од 2015 до 2020, пред да премине во Лудвигсбург.

Магдебург го официјализираше заминувањето на голманот кој му ја донесе титулата во ЛШ – Сергеј Хернандез, на крајот на сезоната. Ако се реализираат шпекулациите, тој ќе биде новиот голман на Барса, на местото на Емил Нилсен кој ќе оди во Веспрем.
 

Поврзани вести