Photo: Međunarodni Rukometni TV Turnir Šampiona Doboj
Добој ја знае формулата за успешно организирање на летен ракометен турнир и секоја година стануваат се подобри и поуспешни. Неделава се одржа 56 издание на турнирот кој има можеби најдолга традиција во Европа.
Награден фонд од 20-тина илјади евра, услови достојни за рангот на секое европско натпреварување, полни трибини, концерти и настани во градот позврзани со турнирот, тв преноси на Арена ТВ и звучни гости од целиот ракометен свет.
Во Добој постојано доаѓаат познати клубови, а годинава перјаницата на турнирот беше квартетот Веспрем, Кил, Гумерзбах и египетскиот шампион Ал Ахли.
Победник е Веспрем кој во финалето што го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го совлада тимот на Гумерзбах (27-25). Третото место го освои Кил, четвртото беше за Ал Ахли.