Санталов со трансфер кај големиот ривал

Фото: ЦСКА/Прес служба

Руските ракометари се надвор од фокусот последните неколку години поради санкциите, но ракометот одржува ниво, дури и е и посилен откако во Зенит се приклучи во спортот и стана фактор покрај ЦСКА и Чеховски медведи.
Димитри Санталов (29) и натаму е нивниот најзвучен бек шутер и претставник на познатата школа. По повеќе од една деценија (од 2014) мината во екипата на Чеховски медведи договорот на Санталов не му беше продолжен и тој како слободен играч замина во редовите на еден од најголемите ривали на „мечките“ од Чехов – екипата на ЦСКА каде ќе игра следните две години.

Поврзани вести