Германија го освои СП, Словенија има најсветла иднина

Photo: IHF/Kolektiff

Кадетската репрезентацијата на Германија е победник на У19 Светското првенство што се одржа во Египет. Германците во најдраматичното кадетско финале досега ја совладаа Шпанија 41-40 по подобро изведување на пенали.
Третото место го освои Данска со победа над Шведска, а петто место освои домаќинот Египет.
Во ол стар тимот на првенството има двајца синови на познати ракометари. МВП Маркос Фис е син на познатиот кубанско-шпански ракометар Хулио Фис, а средниот бек Никола Рогановиќ од Шведска е син на поранешниот црногорски репрезентативец и селектор, Зоран Рогановиќ кој во еден момент играше и за скопски Вардар.

Куриозитет на ова СП е што двајцата најдобри стрелци и голманот со најмногу одбрани се од иста репрезентација – Словенија. Аљуш Анжиќ постигна 67 (21) гола, а Маи Маргуч беше стрелец на 65 (4). Топ 3 го заокружи Маркос Фис со 61 (10) постигнат гол.

Матеж Млакар со 81 интервенција има најмногу одбрани на мундијалот. Зад него со 75 интервенции е ол стар голманот Фин Кнак од Германија.

ОЛ СТАР ТИМ
Голман: Фин Кнак (Германија)
Лево крило: Серхио Видан (Шпанија)
Лев бек: Аљуш Анжиќ (Словенија)
Среден бек: Никола Рогановиќ (Шведска)
Десен бек: Емил Соренсен (Данска)
Десно крило: Абделрахман Али (Египет)
Пикер: Тим Шродер (Германија)
МВП: Маркос Фис (Шпанија)


 

Поврзани вести