Фото: ГРК Охрид
ГРК Охрид сезонава ќе биде тим што сериозно ќе ја предизвика водечката тројка во македонскиот ракомет и веруваме ќе успее да се етаблира како четврти сериозен кандидат за шампионскиот пехар во Суперлигата, а паралелно ќе се бори за пехарот од ЕХФ Европскиот Куп да остане во Македонија.
Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ летово ќе биде централниот настан покрај езерото. Ќе ги видиме и Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, белградски Партизан, Нексе од Хрватска, Тримо од Словенија и Динамо Панчево од Србија.
НАтпреварите ќе се играат во салата „Билјанини извори“ од 19 до 23 август.