Португалци во Хановер, Романци во Скопје ќе му судат на Алкалоид

Фото: РК Алкалоид

Алкалоид прв ќе ја почне европската сезона, уште месецов, на 31 август ќе игра меч од квалификациите од ЕХФ Европската лига.
Противникот е ТСВ Хановер-Бургдорф, првиот меч се игра во Германија, а ЕХФ ги одреди и судиите за овој меч.

Португалците Рубен Маја и Андре Нуњеш ќе ја делат правдата во Свис Лајф во Хановер, а реваншот во Скопје ќе го судат судии од Романија – Мариан Пирву и Михаи Потирниче ќе бидат задолжени се да биде според правилата во Автокоманда на септември.

Поврзани вести