Алкалоид подобар од хрватскиот Сесвете

Фото: РК Алкалоид

Екипата на РК Алкалоид ја запиша и третата победа во подготовките. По победите над Прилеп и Дубочица, Алкалоид денеска ја совлада и хрватската екипа МРК Сесвете.

Конечниот резултат од овој натпревар е 34-32 (16-15) за македонскиот тим, а како и на претходните натпревари тренерот Кирил Лазаров шанса им даде на сите расположливи ракометари.

Екипата на МРК Сесвете е еден од трите претставници на Хрватска во ЕХФ Европската лига. Тие имаа среќа во ждрепката и во квалификациите за влез во групната фаза ќе играат против хрватската екипа Дуго Село и мошне веројатно ќе ги видиме во групите на ЕХФ Европската лига.
Следните противници на РК Алкалоид во подготвителниот период ќе бидат екипи од Словенија.

Поврзани вести