Прилепчани го најавија јубилејното 10 издание на турнирот

Фото: Меѓународен меморијален ракометен турнир "Миле Нешкоски"/ФБ

Прилепскиот меморијален турнир успеа да се одржи цела деценија и да го одржи нивото на учесници кои главно се на рангот на домашната екипа.
Годинава ќе се одржи јубилејно десетто издание на Меморијалниот меѓународен турнир "Миле Нешкоски", а ќе трае од 21 до 24 август. На 21, 22 и 23 август ќе се одигра групната фаза од турнирот, додека на 24 август ќе се одиграат натпреварите за пласман и финалето.
Учесници на овој турнир се домаќинот Прилеп, Бутел Скопје, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, Тинекс Пролет и Црвена Звезда.
Натпреварите ќе се одиграат во салата "Ристе Ристески - Ричко", a влезот е слободен.

Поврзани вести