Вардар подобар од Динамо на охридската премиера

РК ВАРДАР 1961 - РК ДИНАМО ПАНЧЕВО  29-27 (14-11)
Анастасовски 6, Горига 5


Екипата на Вардар 1961 го совлада српскиот тим Динамо Панчево на премиерниот натпревар од летниот турнир во Охрид.

Гостите од Србија иако без во негатива, беа рамноправен противник во првите двесет минути од натпреварот, а потоа Вардар зголеми на три гола разлика што беше резултат и на полувреме (14-11), а потоа во воведните десет минути од вториот стигна до плус пет (23-18) и до крајот на натпреварот резултатски немаше проблем да го држи противникот под контрола и да стигне до победата.

Веќе утре, со почеток од 21часот ќе гледаме големо дерби во кое Вардар 1961 се среќава со екипата на Еурофарм Пелистер.

Поврзани вести