Алкалоид го преслуша и Целје

Фото: РК Алкалоид

Екипата на РК Алкалоид ја продолжи победничката серија во подготвителниот период и на натпреварот со најпознатиот словенечки клуб, 26-кратниот првак на Словенија – РК Целје Пивоварна Лашко.
РК Алкалоид го совлада тимот на Целје со резултат 44-33, откако имаше резултатска контрола во текот на целиот меч и водеше со 10-8, 15-14, 24-18, 34-25, 39-28...
Скопскиот состав во предиграта на квалификациите за групната фаза на ЕХФ Европската лига ќе одигра уште најмалку два контролни натпревари со екипи од Словенија.

Поврзани вести