Екс играч на Е. Пелистер принудно заврши кариера

Photo: Archive/SEHA

Поранешното десно крило на екипата на РК Еурофарм Пелистер (2021/2022), Јосип Божиќ Павлетиќ на возраст од 31 годинa реши да ја прекине играчката кариера.

Здравствени проблеми се причината за предвремениот крај, иако немаше актуелна повреда. Поранешниот ракометар на битолскиот тим направил серија прегледи и проценил дека неговото тело дава непрогрешливи сигнали дека треба да престане со професионално играње.

Јосип Божиќ Павлетиќ е ракометар кој пред да дојде во Битола, настапуваше за екипите на РК Нексе, РК Загреб и германскиот Гепинген, а откако замина играше за француските Трембле и Истра. Летово направи трансфер во романската екипа Темишвар, но тој трансфер нема да биде реализиран.

Поврзани вести