Прилеп и Е. Пелистер 2 вечерва ќе играат за турнирски пехар

Фото: Андреј Ристески/Меѓународен меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Двете екипи што покажаа најмногу, а тоа се екипите на РК Прилеп 2010 и РК Еурофарм Пелистер 2 денеска ќе се сретнат во финалето на 10 меморијален турнир „Миле Нешкоски“ што викендов се одржува во Прилеп.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, а претходно од 17:00 часот во меч за трето место ќе се сретнат екипите на РК Тинекс Пролет 61 и ГРК Тиквеш. 
Програмата на последниот ден од турнирот ќе почне во 15:00 часот со натпреварот за петтото место меѓу екипите на РК Бутел Скопје и РК Црвена Звезда од Србија. 
 

Поврзани вести