Јагуриноски на принудна пауза

Фото: РФМ

Непријатна вест за македонските љубители на ракометот, особено за селекторот Кирил Лазаров доаѓа од Германија.
Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е повреден, а неговиот клуб објави дека повредата е долгорочна.
Македонскиот бек се повреди на натпревар во подготовките. Во финале на турнир што го играше неговиот нов клуб, Десау Рослер, Јагуриноски бил турнат, незгодно приземјил на грбот веќе не е во тенажен процес. Нема точна информација колку долку ќе биде надвор од теренот.

За македонската репрезентација тој е четвртиот играч од условно кажано стартниот тим што во моментов е вон терен.
Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски уште најмалку два до три месеца нема да бидат на теренот и ќе имаат многу малку време, само околу еден месец да надоплонат за целата пауза.

 

Поврзани вести