Сениор Ривера се активираше, јуниор ќе оди во пензија!

Photo: HBC Nantes

Деновиве актуелна во светски рамки беше информацијата дека Валеро Ривера (72) најпознатиот тренер на Барса, по кратка пауза одново се враќа на клупата на репрезентацијата на Катар каде што беше цели 10 години и меѓудругото стана светски вице-првак на технички најдобро организираното Светско првенство во историјата.

Валеро Ривера се врати од пензија, а денеска е актуелно дека неговиот син Валеро Ривера (41) Јуниор ќе оди во пензија по завршувањето на сезоната.

Помладиот Ривера е играчка легенда, но за разлика од неговиот славен татко кој е клупска легенда на Барселона, тој кариерата си ја изгради во странство, во францускиот Нант каде што беше соиграч на Кирил Лазаров. Во Нант, два наврата комплетираше 14 сезони досега одигра повеќе од 500 натпревари и постигна повеќе од 3100 голови.

Поврзани вести