Нов трансфер од Вардар во Војводина

Фото: ГРК Охрид

Повеќекратниот првак на Србија, екипата на РК Војводина, во новата трка со Партизан за шампионскиот пехар, во последен момент пред стартот на првенството, го ангажираше довчерашниот вардаров бек Матија Николиќ.

Николиќ мина две сезони во Скопје, во дресот на РК Вардар 1961 и одигра над очекувањата и си ја подобри репутацијата.
Тој е втор вардаров играч што пеминува во редовите на РК Војводина, претходно, крилото Марко Срдановиќ потпиша за новосадските црвено-бели.

Поврзани вести