Какви се буџетите на француските клубови?

Photo: mkdhandball

Во професионалната француска лига сите карти се отворени и секогаш на почетокот на сезоната јавно се објавуваат буџетите на екипите. 
По неколку години континуиран раст, сезонава во француското првенство е забележан пад од 4% на вкупниот буџет. Просечниот буџет на француските екипи за следната сезона ќе биде 5.8 милиони, за разлика од 6.05 минатата сезона.
Најголем буџет и натаму има екипата на ПСЖ – 17 милиони евра. Зад нив е Нант со 11.1, а потоа следува Монпеље кој ќе располага со 9 милиони евра.

Тоа е големата тројка, зад нив се Ним со 6.2 милиони, Екс Прованс со 5.9, Лимож со 5.7, Шамбери со 5 милиони, Шарт со 4.7, Данкерк со 4.5 милиони евра... На последните три места според буџетот со кој ќе располагаат се екипите на Селеста (2.7), Истра (2.6) и Дижон со 2.46 милиони евра.

Поврзани вести