Пехарот од ЕХФ Куп во Автокоманда следната недела

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Пред почетокот на реванш натпреварот со ТСВ Хановер-Бургдорф што ќе се игра на 6 септември во салата „Автокоманда“, во Скопје, РК Алкалоид, конечно, ќе ја заокружи победничката сезона 24/25 во ЕХФ Европскиот Куп.

Победничкиот пехар од ова натпреварување ќе му биде доделено на македонскиот клуб со задоцнување од нешто повеќе од два месеца, затоа што нивните противници во финалниот натпревар што требаше да биде круната на сезоната избегаа од теренот во полната сала „Борис Трајковски“.
Грците ќе плаќаат казни и нема да играат оваа година во Европа, а РК Алкалоид ќе биде официјално крунисан следната недела.

Поврзани вести