Костески: Ова не беше нашето вистинско лице


Од Хановер, Ристо Ѓамовски
Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски

Ракометарите на РК Алкалоид имаат една недела пред себе да се консолидираат и првенствено психолошки д се подготват за новата битка со германскиот тим Хановер во ЕХФ Европската лига. Поразот од 10 гола разлика на првиот меч не нуди оптимизам, но задача на ракометарите на Алкалоид е да покажат дека мечот во Германија беше само слаб ден, реализаторски. Суштински Алкалоид изгради ситуации во текот на мечот за многу поинаква разврска, но нивната реализација, во финалната фаза беше многу слаба, а германскиот тим е сериозен колектив кој таква шанса не пропушта.

„„Главен фактор за овој пораз беа нашите промашени зицери. Имавме доста промашени шанси, ако ги реализиравме тие моменти, резултатот ќе беше поинаков. Сметам дека може многу да се поправиме во тој сегмент, да ја вратиме самодовербата и можеме до многу подобар резултат на реваншот, иако против нас имаме квалитетен тим од Бундеслигата. Мислам дека ова не беше нашето вистинско лице, верувам дека сме подобар тим и може да се прикажеме во подобро светло на реваншот“, изјави Ненад Костески

Поврзани вести