Катрин Лунде ќе брани за Ц. Звезда

Photo: IHF/Kolektif

Ако некој во не толку дамнешно минато се одважеше да предвиди дека седумкратниот освојувач на ЛШ и сопственик на 12 златни медали од СП, ЕП и ОИ – норвешкиот голман Катрин Лунде кариерата ќе ја заврши во ЖРК Црвена Звезда, денеска сигурно ќе добиеше место во куќата на славните на спортските пророци и прогнозери.

Катрин Лунде, 45 годишна ракометна легенда до крајот на сезоната ќе брани во белградскиот тим. Тоа е секако тесно поврзано со фактот дека нејзиниот сопруг е Никола Трајковиќ, поранешен фудбалер на Ц. Звезда, а сега фудбалски тренер.

Поврзани вести