Лазаров: Повторно премногу промашувавме

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

РК Алкалоид ја заврши новата европска сезона по два квалификациски натпревари. Епилог што беше очекуван, затоа што противник беше еден од најдобрите германски клубови во моментов, екипата на Хановер. 
На прес конфренцијата по натпреварот, тренерот Кирил Лазаров беше критички настроен кон својот тим.

„Да бидам искрен, разочаран сум од некои играчи… Јас имав некоја поинаква визија, сега гледам дека за некои ракометари не сум бил во право во она што сум го мислел за нив. Ако зборуваме генерално, задоволен сум од играта, од начинот на кој на големи периоди му париравме на еден квалитетен ривал од најсилната лига во светот.
Сепак, успеавме да се вратиме од минус пет, имавме два гола предност и пенал и го промашивме. Имавме зицер за израмнување во последната минута и тој го промашивме.

Разочаран сум бидејќи можевме и до подобар резултат,против еден силен ривал. На вакви мечеви се гледа квалитетот, се оди напред, а по едно вакво издание во клучните моменти сега чувствувам како да стоиме во место, што искрено не ми се допаѓа.
Игравме со квалитетен ривал, но премногу го почитувавме. Кога се најдовме во голема негатива и почнавме да играме без притисок, веднаш се вративме резултатски. Тоа покажува дека можеме да играме, да се надигруваме со вакви екипи. Но, зошто паѓаме во клучните моменти, при пенали и зицери, тоа е веќе очигледно тема за една подлабока анализа“, истакна Кире Лазаров.

Поврзани вести