Брестовац му позајми бек на Парондо

Фото: Архива/Данило Брестовац

Бундеслигашката екипа Мелзунген, клуб со големи амбиции предводен од шампионскиот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, на стартот на сезоната се најде во големи проблеми откако му се повредија дури седум ракометари, од кои шест се бекови.
Мелзунген остана само со три бека и со таков состав во третото коло ја запиша првата победа, но мораше итно да интервенира на маркетот и да најде нови играчи што ќе го одржат клубот на ниво додека се вратат повредените ракометари.

Роберто Гарсија Парондо помош доби од Ал Араби од Катар каде што тренер е македонскиот стратег Данило Брестовац.
Французинот Саду Н’Танзи, плејмејкер кој играше за ПСЖ, а лани во унгарската Татабања неодамна попиша за Ал Араби, ќе почека најмалку до јануари за тој трансфер. Ал Араби го позјами Н’Танзи на Мелзунген до крајот на годината и со тоа Парондо доби добар бек во пресрет на следните бундеслигашки предизвици.

Поврзани вести