Луцидноста на Магдебург, младоста на Барса и проклетството на Веспрем

Фото: РК Еурофам Пелистер
 

По бурниот викенд, денеска е мирен понеделнички ден на ракометните терени во Македонија и низ Европа, вистинско затишје пред бурата наречена Лига на шампиони што стартува во среда, а уште на првиот ден од новата сезона во Битола е спремна да означи старт на ракометното лудило по кое градот е препознатлив низ цела Европа.

Во среда на првиот меч од ЛШ сезонава во Македонија, ќе гостува екипата на Загреб.


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА
„А“: Колстад, Берлин, Веспрем, Спортинг, Нант, Келце, Динамо Букурешт, Алборг
Среда:
18:45  Алборг - Веспрем
18:45  Динамо - Спортинг
Четврток:
20:45  Келце - Колстад
20:45  Нант - Берлин

ГРУПА „Б“: Е. Пелистер, ПСЖ, Барса, Магдебург, Висла Плоцк, ГОГ, Пик Сегед, Загреб
Среда:
20:45  Е. Пелистер - Загреб
20:45  Магдебург - ПСЖ
Четврток:
18:45  Сегед - Висла
20:45  Барса - ГОГ

Генерално, во новата сезона како прв фаворит се издвои екипата на Магдебург. Бранителот на пехарот плови низ мирни води, а германските аналитичари велат дека го направиле најдобриот „дил“ во сезоната со ангажманот на исландскиот ас од Мелзунген, Елвар Орн Јонсон. Тој ќе го замени 35 годишниот дански играч Михаел Дамгард, кој по 10 години во Магдебург се враќа дома и ќе игра за новиот голем проект, екипата на Хој.

Втор фаворит во ЛШ е Барса. Тие се секогаш во врвот, секогаш се во топ четири и на хартија и на терен. Сезонава значително подмладени и без Варгас, Петруш и Мелвин Ричардсон во тимот. Го вратија Фабрегас, го ангажираа Елдера, а уште сезонава ќе ги имаат во екипата голманот Емил Нилсен и бекот Домен Макуц. Тие двајца веќе потпишаа договори со Веспрем односно со Кил.
Барса е во знакот на подмладување, ќе ги видиме во поважни улоги браќата Цикуша, Баруфет, Дани Фернандез. Годинава е нивниот процес за подмладување.

Топ 3 ќе го заокружиме со екипата на Веспрем. Дали нивното проклетство во ЛШ ќе заврши сезонава или ќе се реорганизираат одново во јуни ќе бидеме сведоци. Чави Пасквал сезонава се потпира на египетски играчи, а ги има најдобрите четворица. Веспрем има најсилен состав на хартија, но...

Прв на терен ќе го видиме токму Веспрем и тоа на незгодно гостување кај данскиот тим Алборг.


 

Поврзани вести