Деби победа во ЛШ за Гарабаја, премиерна сезонава за Е. Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја запиша својата прва победа во Лигата на шампионите, а својата прва победа во Лигата на шампионите воопшто како тренер ја запиша и шпанскиот стручњак на клупата на битолчани, Рубенс Гарбаја.
„Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично, не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка.

Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата“, изјави Гарабаја по неговата прва победа како тренер во Лигата на шампионите.

Поврзани вести