ВЕСТИ: Мин во Флензбург, повреда на Дика Мем...

Фото: РФМ

Францускиот репрезентативец Омерик Мин ја игра својата последна сезона во дресот на екипата на Нант. Луцидниот плејмејкер потпиша четиригодишен договор со екипата на Флензбург и ќе биде дел од овој клуб од 2026 до 2030.

Барса ќе ја почне сезоната во Лигата на шампионите без Дика Мем. Францускиот репрезентативец заработи повреда која ќе го оддалечи од теренот најмалку три недели. Тој ќе пропушти најмалку два натпревари од Лигата на шампионите, меѓу кои е и дуелот со европскиот првак Магдебург, а неизвесен е и за Светското клупско првенство во Каиро. 

Француската репрезентативка Естел Ензе Минко, една од најдобрите светски ракометарки со видео клип објави прекин на кариерата поради бременост. Иако веста е убава, екипата на Ѓер сега се наоѓа во проблем затоа што Минко е четвртата ракометарка од клубот која ќе прави пауза поради бременост. Пред неа, летово, Сандра Тофт, Викторија Лукач и Кари Братсет објавија пауза од истите причини.

Српскиот бек Лазар Кукиќ од екипата на ПИК Сегед го пропушта стартот на Лигата на шампионите поради повреда на коленото. 
 

Поврзани вести