Хеидарирад ја обнови повредата

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Иранскиот голман на Е. Пелистер, Сеид Хеидарирад на натпреварот со Загреб во Лигата на шампионите ја обнови повредата што ја здоби за време на турнирот во Охрид.

Се работи за руптура на задниот бутен мускул, т.н. задна ложа и тој нема да биде на располагање на тренерот Рубен Гарабаја во следниот период.

Колку точно ќе отсуствува од теренот засега не е дефинирано, таквите повреди обично значат отсуство од околу еден месец, но каков е случајот со Иранецот, дополнително ќе биде познато.

 

Поврзани вести