ТВ ПРЕНОС: Гумерзбах - Берлин, женска Лига на шампиони

Фото: Mkdhandball

Недела е ден резервиран за спорт, а врвниот ракомет нема да отсуствува во понудата. Германската Бундеслига која пак е синоним за врвен ракомет ќе биде присутна на ТВ екраните.
Со почеток од 19:00 часот на ТВ Каналот ТВ Арена Спорт 3 ќе има снимка од натпреварот меѓу незгодниот тим на Гудјон Валур Сигурдсон – екипата на Гумерзбах и шампионот на Германија, екипата на Фуксе Берлин.

Љубителите на женскиот ракомет, пак, ќе можат да следат два натпревари од Лигата на шампионите. Во отсуство на македонски клуб во најсилното натпреварување, ќе можеме да ги следиме дуелите на екипите од Словенија, Хрватска и Црна Гора.
Со почеток од 14:00 часот во Љубљана ќе играат Крим и Подравка, а со почеток од 16:00 часот ќе биде пренесуван натпреварот меѓу Сторхамар и Будуќност.
Двата натпревари ќе бидат емитувани на каналот ТВ Арена Спорт 3.

Поврзани вести