Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски
ГРК ТИКВЕШ - РК АЛКАЛОИД 22-24 (9-14)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Ацо Николовски
ГРК ТИКВЕШ: Панов (1 одб), Печурица (2 одб), Велков (3 одб) Магди, Стојановски, Цејовиќ 3, Димовски 2, Лазов, Манасков 4, Тајник 1, Коцев 4, Симиќ 1, Цветковски 4, Симоновски, Мијушковиќ 2, Гришкашвили
Седмерци: 1/3 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски (10 одб), Тордарсон 2, Маркоски, Серафимов 2, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 5, Велковски 2, Ивановски, Костески 2, Петковски, Митев 6, Борзаш 3, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 10 мин.
Екипата на РК Алкалоид извојува победа во второто коло од Суперлигата, на гостински терен кај тимот на ГРК Тиквеш, на натпревар што го носеше епитетот дерби на колото.
Натпреварот беше решен уште во првата половина на првото полувреме во кое гостите од Скопје направија голема разлика на стартот кога поведоа со 7-2 и 10-6.
Домашниот состав успеа да воспостави рамнотежа доволно за разликата да не се зголеми. Мартин Манасков со три гола по ред го одржа ритамот на домашниот тим кој до полувремето остана на негатива од пет гола.
Алкалоид поведе со шест гола на почетокот на вториот дел, но потоа и домашните покажаа заби и во 42 минута стигнаа само на гол заостанување (16-17).
По ова се вклучи алармот кај гостинскиот состав кој во следните десет минути успеа да одржи ниво и да зголеми на 21-18. Домашниот состав уште еднаш успеа да се доближи на гол разлика, но немаше сили за да изведе пресврт. Екипата на Алкалоид во клучните моменти беше присебна и не му дозволи на кавадаречкиот состав да приреди изненадување.
Поврзани вести