Томовски најдобар во Бундеслигата

Фото: РФМ

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште една голема партија во втората Бундеслига и запре 15 шутеви на ракометарите на ТУС Либек на гостински терен. Но, неговиот Битинхајм не ја материјализираше докрај добрата партија на Томовски и дома се врати со реми (27-27).
Томислав Јагуриновски сѐ уште чека на деби во Десау Рослауер. Неговиот тим, пак, запиша победа од 34-30 на гостински терен кај тимот на Кобург 2000.

Мартин Томовски е најдобриот голман во втората Бундеслига по три комплетирани кола. Тој има 46 одбрани со 41% реализирани интервенции. 
На второто место е голманот на Хутенберг, Јахав Шамир кој има 36 одбрани со 34% успешност. 

Поврзани вести