Голманот Беласен се повлече од репрезентацијата

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons- cropped image)

Само две години откако ја доби привилегијата да настапува за сениорската репрезентација на Франција и ја лансираше својата меѓународна кариера и на клупски план, голманот Самир Беласен објави репрезентативна пензија.

Беласен (30) во кариерата настапуваше за Монпеље, Маси Есон и Данкерк каде што го достигна својот врв. Во април 2023 доби повик од француската репрезентација, а откако го облече репрезентативниот дрес, веднаш доби и понуда за транфер и тоа не од кој било туку од еден од најголемите клубови – Кил.
После Кил настапуваше за Штутгарт и замина за Динамо Букурешт каде што ќе го гледаме во ЛШ и сезонава.
Одлуката за повлекување од француската репрезентација ја соопштил на соиграчите, а причините се семејни, сака повеќе слободно време да минува со семејството.







 

Поврзани вести