ТВ ПРЕНОС: ПСЖ - Е. ПЕЛИСТЕР, БАРСА - МАГДЕБУРГ...

Фото: mkdhandball

Продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите каде што денеска ќе биде комплетирано второто коло. Втор пат сезонава, а прв пат на гостински терен ќе го видиме македонскиот првак Е. Пелистер и тоа на атрактивно гостување кај екипата на Пари Сен Жермен. 
Овој натпревар ќе почне во 20:45 минути а директно ќе биде пренесуван на МТВ - 3 и на каналот ТВ Арена Спорт 3. 

Денеска на директен дуел и со пренос во живо ќе може да ги гледате и веројатно двата најсилни тима во моментов. Барса ќе биде домаќин на европскиот првак Магдебург. Натпреварот почнува во 20:45 часот и ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 2. 
На истиот канал со почеток од 18:45 часот ќе биде емитуван дуелот од Лигата на шампионите меѓу Фуксе Берлин и Алборг од Данска. 

Во термин од 19:00 часот, на каналот ТВ Арена Спорт 5 Премиум ќе има пренос од бундслигашкиот натпревар меѓу екипите на ТСВ Хановер - Бургрдорф и екипата на Кил. 

Поврзани вести