Арно Бинго има нов клуб

Фото: РК Алкалоид

Францускиот интернационалец Арно Бинго, ракометар кој последните две сезони ги одигра во Македонија, во екипата на Алкалоид има нов клуб.

Арно Бинго кариерата ќе ја продолжи на Кипар, во екипата на Анортозис Фамагуста. Кипарскиот клуб веќе го претстави довчерашниот миленик на публиката во Автокоманда, како играч кој доаѓа како освојувач на ЕХФ Европскиот Куп. Анортозис годинава ќе игра во ЕХФ Европски Куп, а првиот противник, во второто коло му е екипата на Макаби Тел Авив.

Поврзани вести