Фото: РФМ
Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го почне настапот на возобновениот турнир „Трофеј Македонија“ што ќе се одржува во Охрид, а ќе настапат и репрезентациите на Египет, Тунис и Грција.
Селекторот Кристијан Грчевски го нема на располагање најсилниот состав, но има доволно квалитетни сили, состав во кој има и осум интернационалки и македонскиот состав важи за фаворит за првото место.
Турнирот почнува денеска, а првиот противник на Македонија е репрезентацијата на Тунис. Овој натпревар ќе почне во 20:30 часот, ТВ пренос нема да има, но ќе биде пренесуван на интернет на Јутјуб каналот на РФМ и ќе може да се гледаат во живо сите натпревари.