Брестовац испрати помош за Ал Ахли

Фото: Данило Брестовац/прватна архива

Екипата на Ал Араби од Катар која од клупата ја предводи македонскиот тренер Данило Брестовац, откако неодамна го испрати на помош во Мелсунген своето ново засилување, францускиот плејмејкер Саду Н’Танзи, повторно се најде во ситуација да испраќа свој играч за засилување во странство.

Чешкиот десен бек Станислав Кашпарек заминува од Ал Араби и ќе биде ракометар на египетскиот шампион Ал Ахли за време на Африканскиот шампионат што од 26 септември до 2 октомври ќе се одржува во Мароко.

Ова ќе биде враќање на Кашпарек во Ал Ахли затоа што и минатата сезона беше дел од оваа екипа за време на Африканскиот шампионат.

 

Поврзани вести