Фото: ГРК Охрид
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ОХРИД 22-25 (11-13)
Мохамед Азиз 9, Бонифре 6 – Ѓукиќ 9, Ојлески 7
Екипата на ГРК Охрид ги освои бодовите од натпреварот со Е. Пелистер 2, но виде мака веќе на првото гостувње во Битола.
Домашниот состав очигледно олабавен од притисокот и преголемите очекувања што му беа наметнати пред дуелот со Вардар, вечерва одигра подобро и беше во игра за бод до самиот крај на натпреварот.
Гостите поведоа на почетокот на натпреварот (5-2) и потоа ја здржаа разликата до крајот, но во текот на 60 минутната борба не успеаја да го скрашат отпорот на жилавиот домаќин и разликата не се зголеми. Напротив, во второто полувреме домашните веќе во 45 минута беа на минус еден (18-19). Потоа беше и 19-20, во 50 минута беше 21-22, а во 57 минута 22-23. Но, тоа беше последниот гол за домашните, потоа охридската одбрана двапати го запрен тунискиот бек Мохамед Азиз Бен Мамду, стрелецот на девет гола и тоа беше крај на надежите за домашниот тим дека може да направи мини сензација.