Уште една десетка од Томовски

Фото: РФМ

Македонскиот голман Мартин Томовски и во петтото коло во Втората Бундеслига го одржа двоцифрениот просек на одбрани по натпревар. Овој имаше 10 одбрани, но со поголема тежина е ова остварување затоа што се работеше за дерби натпревар на гостински терен. 
Мартин Томовски и неговиот Битенхајм одигра нерешено (27-27) на гостувањето кај екипата на Нордхорн, третопласиран тим во шампионатот. Овој бод го одржа Битенхајм на второто место, со еден бод помалку од лидерот Хутенберг кој исто така одигра нерешено во ова коло, па односот на бодови на водечката тројка остана непроменет.
Непроменета остана и состојбата на вкупната статистика на голманите, каде што Мартин Томовски и натаму е на првото место спред статистиката на одбранетите удари. 

Поврзани вести