© Max Petershans /
CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Данскиот голман Кевин Мелер следното лето ќе замине од редовите на екипата на Флензбург, ќе ги искористи доночните олеснувања што важат во Данска за играчи што 10 години минале во странство и ќе се врати во татковината.
Михаел Дамгард, Јаник Грин, Ласе Андерсон исто така се враќаат по повеќе од 10 години интернационална кариера
Кевин Мелер беше поврзуван со трансфер во Алборг, а потоа и со екипата на Хој која е најактивна во „собирањето“ на данските репрезентативци.
Но, Мелер нема да оди ниту во Алборг, ниту во Хој туку во екипата на ГОГ, тим што го гледавме минатата недела во Битола.