Клупско СП: Ал Ахли го предизвикува Веспрем

Photo © IHF 

Се загрева полека сцената на Светското клупско првенство што се одржува во Египет. Денеска е третиот ден од натпреварувањето по што ќе ги добиеме и полуфиналистите. 
Увертирата ќе ја имаат Магдебург и Ал Шерјах од ОАЕ, натпревар на кој е лесно да се предвиди победникот. Веднаш потоа на теренот ќе бидат Барса и Замалек, уште еден меч на кој не очекуваме резултатски да има возбудувања, а потоа екипата на Веспрем ќе се сретне со тимот на Ал Ахли, предводен од Давид Дејвис, поранешниот тренер на Вардар, Веспрем... Ал Ахли за овој турнир е засилен со двајца бекови шутери, тоа се Томас Габала од Полска и Станислав Кашпарек од Чешка. Има доста сериозен ростер од египетски ракометари, но најдобрите египетски ракометари вечерва ќе играат за Веспрем (Хешам, Абди, Зеин и Елдера). 

ДЕНЕСКА: 
14:30  Магдебург - Ал Шарјах
16:45  Барса - Замалек
19:00 Веспрем - Ал Ахли

Поврзани вести