Почина познат шпански тренер

Photo: RFEMB

Шпанската ракометната федерација денеска информираше дека на 78 годишна возраст починал познатиот тренер Хавиер Гарсија Куеста.

Гарсија Куеста беше шпански репрезентативец, олимписки репрезентативец (1972), кој играчката кариера ја замени со успешна тренерска кариера во која беше селектор на репрезентациите на Португалија, Египет, Бразил и САД и беше еден од првите кои излезе од Шпанија и го промовираше шпанскиот систем на игра и во други земји. Кариерата ја заврши пред седум години, но остана вклучен во работата со Шпанската ракометна федерација.




 

Поврзани вести