„Кикс“ на Сегед и повреда што ја вознемири и Барса

Photo: Wenflou via Wikimedia Commons  CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication

Екипата на ПИК Сегед во својот петти натпревар во унгарското првенство го имаше првиот кикс и загуби на гостински терен од екипата на Татабања. Неочекувано, екипата Татабања водеше низ текот на целиот меч за на крајот да запише победа од 34-30.

„Една белја не оди сама“, па така освен поразот, Сегед може многу повеќе да биде загрижен за повредата на нивниот централен бек Јанус Дади Смарасон. Тој се повреди во последната минута, а неофицијалните информации велат дека е можно да се работи за сериозна повреда на колено.

Истата информација ги вознемири и во редовите на Барса. Имено, Јанус Смарасон практично е договорен за трансфер во Барса следната сезона каде што треба да го замени Домен Макуц кој заминува за Кил.

Поврзани вести