Вардар од трибина ги покани фановите

Фото: РК Вардар 1961

Големо суперлигашко дерби ќе се игра во среда во Скопје. Вардар 1961 е домаќин на Е. Пелистер во нивниот четврти дуел сезонава, но прв што се игра за бодови.
Натпреварот ќе се игра во салата „Јане Сандански“ со почеток од 19часот, а во пресрет на мечот ракометарите на Вардар од навивачката трибина ги повикаа „Комити“ на дерби.
 

Вардарци, во среда се гледаме во сала!
Два дена не делат од големото дерби во кое покрај борбата на теренот ќе биде потребна и голема поддршка од трибините!
Песната на верните Комити и илјадниците Вардарци кои во среда ќе го обојат храмот на ракометот во црвено-црна боја ќе бидат нашиот најголем сојузник и нашиот најголем мотив во борбата за нова победа!
Спремете ги шаловите и чувајте го гласот!
Во среда, црвено-црната нека доминира!

Поврзани вести