Денеска е ден за дерби, Вардар го пречекува Е. Пелистер

Четврти пат откако почна новата сезона, но прв пат во битка за бодови и прв пат на теренот на еден од ривалите, вечерва екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе ги одмеруваат силите во Суперлигата. 
Натпреварот почнува во 19:00 часот, а ќе се игра во салата „Јане Сандански“ домот на екипата на Вардар 1961. 

Актуелниот првак, битолскиот суперлигаш беше поуспешен на трите средби што ги играа досега. На турнирот во Охрид, на турнирот во Скопје и на Суперкуп дуелот. 
Битолчани победуваа, но резултатите особено на Супекуп дуелот беа многу тесни што во реалност му дава добри шанси на Вардар вечерва да ја прекине серијата. Имаа доволно време да се спремат за овој дуел, тие освен со ГРК Охрид немаа поголеми предизвици, додека Е. Пелистер паралелно игра во Лигата на шампионите, а имаше и дерби во Автокоманда. Тоа има и добри и лоши страни. Добрите се дека се во подобар ритам, лошите се дека тој ритам веќе одзема сила па и тие имаа и добри и лоши моменти. 
Дерби е дерби, секое од нив е приказна за себе. Вардар е во полоша ситуација затоа што нема да може да смета на Лазаревски, Еспиња и Кеита. Битолчани по тоа прашање освен Самоил Ристевски веројатно ќе можат да сметаат на сите други. 
Амбиентот во кој ќе се игра ќе биде на страната на Вардар, навивачите на црвено-црниот тим се мобилизираат и битолчани овој пат ќе бидат ветер во грб на црвено-црниот тим. 

 

Поврзани вести