Парондо: Заштитете го Криштопанс

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Германскиот Мелзунген е клубот што стана едно од најголемите прибежишта за ракометарите на Вардар од шампионските генерации. Покрај тренерот Гарсија Парондо, во моментов таму е и Даинис Криштопанс, претходно играа и Глеб Калараш и Рожерио Мораеш.
Тренерот Гарсија Парондо, мораше јавно да реагира по натпреварот со Хамбург да ја заштити својата аквизиција од Вардар, 215 см вискиот Летонец Даинис Криштопанс. На тој меч исландскиот ракометар Ејнар Олафсон доби директен црвен картон поради старт на Криштопанс. 

„Дани треба да искрвари на терен за противничкиот играч да добие црвен картон. Лудило е колку пати тој е агресивно фаулиран, а за тоа не е доделена казна. Не може да биде во ред само затоа што тој е голем и фаулите врз него не изгледаат опасно како врз другите ракометари и затоа што тој не прави шоу од тоа. Ние како клуб мораме повеќе да го заштитиме“, изјави Гарсија Парондо.

Поврзани вести