Смарасон мина лесно, но го пропушта ЕП

Photo: Tatabánya Kézilabda Club

Исландскиот плејмејкер Јанус Дади Смарасон ќе мора да мине надвор од теренот три месеци поради повредата на коленото (лигамент) на натпреварот што неговиот ПИК Сегед го загуби на гостински терен од екипата на Татабања во унгарскиот шампионат.
Но, тоа е добрата вест.
Предниот вкрстен лигамент на коленото на Смарасон не е „чепнат“, па нема да има потреба од комплицираната операција која сигурно ќе го одвоеше од теренот шест до девет месеци.
Смарасон ќе го пропушти Европското првенство во Данска во јануари, но тоа е помалото зло. Добрата вест е и за Барса која се договори со Смарасон за трансфер од јуни следната сезона.

Поврзани вести