Барса е новиот светски шампион

Photo: IHF

Екипата на Барса е новиот светски клупски шампион откако вечерва во меч со многу драма и со многу среќа на нивната страна го совлада тимот на Веспрем (31-30).

Покрај бројните убави моменти, во финалето на Светското првенство за клубови, имавме можност да го видиме на дело најсувишното и најнепотребното правило во ракометот, а тоа е по првите 10 минути продолженија, ако и натаму е нерешено, да се играат уште дополнителни 10 минути.

Натпреварот по регуларните 60 минути заврши нерешено, 21-21, а последниот напад го имаше екипата на Веспрем. Имаа 30 секунди време, имаа и тајм аут. Од целата договорена акција на крајот беа во пасивна игра и мораа со две додавања да решаваат, па финалниот шут беше од +10 метри далечина, од неизградена позиција и заврши покрај голот.

По пет минути од продолжението Веспрем водеше 25-24 и имаше прв напад во вторите „пет“. Имаше одново последен напад Веспрем, одиграа до пивот кој беше далеко од идеална позиција, и се обиде атрактивно, не безуспешно да го совлада Нилсен и продожението заврши со резултат 26-26.




Потоа се одииграа последните десет, од 70 до 80 минута од натпреварот. По 75 минути игра резултатот беше 28-28, а потоа во последните пет миути двата тима играа 7 на 6.

Веспрем одново имаше последен напад на нецела минути при резултат 30-30 и само Чави Пасквал знае зошто и во овој напад играа без голман. Во последните секунди ја загубија топката и Барса од транзиција на празен гол погоди за 31-30 и шеста шампионска титула.








 

Поврзани вести